Сметки ќе продолжат да плаќаат оние чии станови се празни и се исклучени од системот

Ниту еден граѓанин кој живее во стан во своја сопственост којшто бил исклучен од системот за централно греење пред 31 март 2019 година нема да плаќа никаков трошок за испорака на топлинска енергија од системот за централно греење започнувајќи од сметките за месец април.

Сопствениците на становите коишто се исклучени од системот за централно греење се должни до снабдувачот со топлинска енергија да достават:

– Барање кое што е одобрено од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги и е достапно на шалтерите на снабдувачот,
– имотен лист на станот кој не е постар од 30 дена за кој бараат ослободување од обврската,
– лична карта на увид.

Обврската за плаќање на фиксен надоместок за централно греење ќе продолжи единствено за граѓаните коишто се исклучени од системот за централно греење и нивните станови се празни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот