Случајот со копањето на тунел во „Идризово“ се уште е во предистрага

Фото: МВР/принтскрин

„Предметот за копањето тунел во затворот Идризово се уште е во предистражна постапка“,  потврдија денеска од Основното јавно обвинителство за РСЕ. Тунелот беше откриен во месец март кои бил предвиден за бегство на најмалку осум луѓе осудени на затворски казни од 10 години до доживотен затвор.

„Случајот се наоѓа во предистрага. Се постапува по предметот и дадени се насоки до Министерството за внатрешни работи. Ако се утврди инволвираност и на затворската полиција, во предметот ќе се вклучи и Одделението за истражување и гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција“, велат од ОЈО ГОКК за РСЕ.

Во март годинава во затворот „Идризово“ откриен е тунел од шеталиштето на затворениот дел на затворот што води надвор од затворот, наменет за бегство на затвореници со високи казни. Тунелот бил со должина од околу 60 метри, а во него имало и потпорни греди. Тунелот се копал околу четири до пет месеци, а осветлувањето било решено со пуштен кабел и светилки. Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека спречиле организирано бегство на група од најмалку осум луѓе осудени на затворски казни од 10 години до доживотен затвор.

 

ВИДЕО: Тунелот во „Идризово“ е долг 40 метри, затворениците спровеле и струја

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот