Словенската влада дозволи одржување на спортски натпревари со публика

фото Архива

Влада на Словенија одлучи од денеска во земјата да бидат дозволени сите меѓународни спортски натпревари и тоа со присуство на публика, јави дописникот на МИА од Љубана.

Портпаролот на Владата, Јелко Кацин, на редовната прес конференција изјави дека и покрај тоа што спортските натпревари ќе се одржуваат со навивачи, сепак, делегатите ќе мораат да се осигураат дека се почитуваат сите препораки на Националниот институт ја јавно здравје со цел спречување ширењето на коронавирусот.

И покрај ваквата одлука, со која на стадионите ќе се врати публиката, претседателот на Фудбалскиот сојуз на Словенија Раденко Мијативиќ изјави дека финалето на купот, што е закажано за 24 јуни, сепак, ќе се одигра без гледачи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот