Болница во Словенија / Фото EPA-EFE/IGOR KUPLJENIK

Словенија им забрани на лекарите од државните болници да работат приватно

Словенечкиот Парламент денеска ги усвои измените на Законот за здравствени услуги, со кои се воведува речиси целосна забрана за двојна пракса за лекарите и другиот медицински персонал, а измените им забрануваат на вработените во државните здравствени установи да работат за приватни лица, пренесе „Н1“.

Министерката за здравство Валентина Преволник Рупел истакна дека двојната пракса ќе биде можна само во исклучителни случаи.

Измените на законот имаат за цел да ги поттикнат лекарите да работат надвор од редовното работно време за нивните матични јавни организации, но повеќе не како независни изведувачи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот