Словенечки инфектолог: Наесен нѐ очекува катастрофа доколку не се вакцинираат повозрасните од 50 години

Љубљана, Словенија
Жена со заштитна маска во центарот на Љубљана, Словенија / Фото: EPA-EFE/IGOR KUPLJENIK

Словенечкиот инфектолог Бојана Беовиќ предупредува дека Словенија наесен може да се соочи со епидемиска катастрофа доколку во август не се вакцинира повозрасната популација, односно оние граѓани коишто имаат повеќе од 50 години, објави хрватскиот портал „Индекс“.

– Повеќе од една третина од граѓаните коишто ѝ припаѓаат на таа старосна граница(над 50 години) не се вакцинирани и важно е да ги заштитиме во текот на месец август бидејќи наесен ќе нѐ очекува катастрофа, болниците повторно ќе бидат полни со ковид-пациенти, предупредува Беовиќ.

Бројот на дневни инфекции во Словенија е во пораст, им рече таа на новинарите, додавајќи дека ова е очекувано со оглед на доминацијата на делта-сојот на коронавирусот.

– Делта-сојот бргу се шири и ќе зарази голем број луѓе коишто ги имаат оние предиспозиции да имаат тежок тек на болеста, но не се заштитени, вели Беовиќ.

Во седмицата од 18 до 25 јули, дури 98,1 отсто од сите позитивни резултати на коронавирусот во Словенија биле од делта-варијантата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот