Слободен печат најцитиран медиум во регионот и пошироко

СП: Колаж од насловни страни на регионални и светски медиуми на информации објавени во Слободен печат

Најтиражниот македонски дневен весник и најпосетуваниот портал „Слободен печат“, кој како медиум годинава одбележува 10 години од своето постоење, е медиумска куќа што е најцитирана во регионот, и чии содржини се преземаат и се пренесуваат како во, така и надвор од државата. Ваквиот показател лесно може да се утврди со проверка на интернет. Од нас се преземани тематски анализи, прилози и вести а пренесени од големите регионални медиумски куќи од рангот на Политика, РТС, хрватскиот „Јутарни лист“, Блиц, Танјуг, украинскиот сервис на Би-Би-Си, бугарската информативна агенција БГНЕС, и редица други влијателни медиумски куќи.

Токму во тој контекст, со задоволство констатираме дека колегите од регионалните медиумски куќи, многу поголеми од нашата, речиси секојдневно ги пренесуваат и ги цитираат анализите и темите што се обработуваат во „Слободен печат“, а се од сегментот на политиката, здравството, одбраната, економија, спортот итн.

Во низата цитати и повикувања на пишувањата во „Слободен печат“ вреди да се спомене и последниот случај со најстариот српски весник „Политика“ и неговиот интернет портал, кој презеде вест која беше споделена на Балканот а се однесува на пишувањата на нашиот медиум за скандалот на клиниката за Онкологија во Скопје. Оваа анализа на српскиот медиум беше споделена и прочитана неколку илјади пати како во регионалните медиуми така и во светските новинарски куќи. Информациите од нашиот портал се споделуваат експресно и во Б92, Танјуг но и други останати влијателни портали од соседството.

Ова во суштина претставува најдобар доказ и показател за професионалната ориентација и високите новинарски стандарди на нашата куќа. Нам ни се верува. Признанието е дотолку поголемо што доаѓа во време кога регионот и светот се соочуваат со глобалниот феномен на лажните вести, при што големите медиумски куќи точно знаат кому можат да му веруваат, чии содржини се точни, веродостојни и професионално обработени. Во таа насока наши текстови и анализи изминатиов период беа предмет на позитивна критика и одглас кај поголем број влијателни и сериозни медиумски куќи.

Дополнително, украинскиот сервис на „Би-Би-Си“ истакнат професионален препознатлив медиумски сервис, речиси секојдневно се повикува на пишувањата во „Слободен печат“ од кое вреди да се истакне и она последното околу македонската воена помош на Украина со тенкови и борбени воздухопловни летала. Темите и анализите од рубриките спорт и свет, константно се наоѓаат на првите страници од интернет-порталите на медиумите од соседството.

Во таа насока останувајќи и натаму цврсто на својата уредувачка политика и темелните професионални определби во своето работење, „Слободен печат“ потврдува дека ќе остане на принципите на професионалното новинарството и пред сè штитејќи го јавниот интерес на граѓаните на Македонија и во годините што ќе следуваат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот