Сличноста е неверојатна: Принцезата Шарлот и внуката на принцезата Дајана како близначки

Роденденската фотографија откри неверојатна сличност на принцезата Шарлот со внуката на принцезата Дајана

По повод 29-роденден леди Кити Спенсер објави фотографија од роденденска прослава од детството, заблагодарувајќи им се на своите обожаватели на убавите роденденски пораки.

кити спенсер
profimedia

Корисниците на Инстаграм забележија неверојатната сличност на манекенката со нејзината роднина, 4-годишната принцеза Шарлот, ќерката на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон.

Во бројните коментари фановите на леди Кити откриваат дека помислиле дека таа објавила фотографија од принцезата Шарлот, а други се посомневале дека Шарлот има сестра близначка.

Profimedia

Но ова не е прв пат Кити Спенсер да ја споредуваат со малечката принцеза.

На почетокот на ноември таа објави фотографија на која јава коњ, а сличноста со принцезата Шарлот повторно е неверојатна.

Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот