ВИДЕО: Скопје во моментов е без јавен превоз, ЈСП и приватниците чекаат Советот на Град Скопје да ги изгласа субвенциите

Празна автобуска постојка на Рекорд поради штрајк на возаците на ЈСП / Фото: ''Слободен печат'' - Драган Митрески

Од 9 часот утринава Скопје е без јавен градски превоз, не возат ниту приватните, ниту автобусите на ЈСП „Скопје“. Неизвесно е како ќе стигнат на училиште средношколците кои се втора смена, ниту вработените кои на работа одат со автобус, а работното време им започнува подоцна од 9 часот.

Вработените од ЈСП, предводени од синдикатите, но и приватните превозници во моментов се пред бараките на Град Скопје, каде во секој момент треба да започне вонредна седница на Советот со единствена точка на дневниот ред давање субвенции на ЈСП за 2024 година.

Како ќе функционира јавниот превоз понатаму зависи од денешната седница на Советот четврта по ред на која не се гласа субвенционирањето на јавното претпријатие и нашата судбина за 2024 година. Затоа се собравме денеска во голем број за да извршиме еден мал притисок врз советниците кои веќе неколку месеци ја ескивираат одлуката и не ги носат субвенциите. Ако денеска седницата заврши како што очекуваат синдикатите и вработените во ЈСП, тогаш во попладневните часови и во вечерниот термин, градскиот превоз ќе функционира нормално. Ако се донесе парцијално или одлука месец за месец, што на вработените не им одговара затоа што се ближат избори и нема да можат да се носат одлуки, тогаш јавниот градски превоз ќе биде стопиран – вели Миќо Стојановски, претседател на еден од трите репрезентативни синдикати во ЈСП.

Тој посочи дека ниту приватните превозници, кој исто така денеска сообраќаа до 9 часот. нема да возат додека зеднички не се договорат, затоа што како што рече Стојановски, и тие зависат од субвенцијата што ЈСП ја добива за 2024.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот