„Скопје на мапата на Европа” – Промоција на знаменитостите на градот

Заменик – претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, заедно со заменик – градоначалникот на град Скопје, Енвер Малиќи, денеска ќе бидат домаќини на претставниците на дипломатскиот кор и други гости, на настанот во организација на Секретаријатот за европски прашања, на кој во рамки на кампањата „Заедно кон ѕвездите”, се планира прошетка низ Скопската чаршија, со професионален туристички водич, со што ќе се промовираат знаменитостите на градот под мотото „Скопје на мапата на Европа”.

Настанот ќе се одржи пред МК-ЕУ Инфо Центарот на Секретаријатот за европски прашања на централниот плоштад.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот