Скопјанец со својот „Мерцедес“ удрил полицајка па побегнал

Полициски службеници од СВР Скопје вчера го лишиле од слобода И.К.(54) од Скопје поради тоа што околу 12.00 часот со своето возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, на булевар „Партизански одреди“ не застанал на знак за запирање од полициска службеничка и со возилото ја удрил, информира МВР.

После тоа, И.К. го напуштил местото, но набргу потоа бил пронајден.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот