Скопјанец со изгореници пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“

Пожарникари / Фото: Архива

Пожар настанал на тераса од куќа на скопјанец, при што тој се здобил со изгореници. Увид извршила екипа од СВР Скопје.

На 27.01.2020 во 13.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во село Црешево, скопско, настанал пожар на тераса од куќата сопственост на П.Б.(80), при што бил опожарен дел од фасадата.

Од пожарот П.Б. се здобил со изгореници и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош.

Пожарот бил изгаснат од соседите и екипа на Бригадата за противпожарна заштита. Увид извршила екипа од СВР Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот