Скарлет Јохансон не верува во моногамија, но верува во трета среќа?

Profimedia

Холивудската глумица Скарлет Јохансон (35) се подготвува по третпат да застане пред олтарот со Колин Јост (37).

Пред две години Скарлет се разведе од вториот сопруг, новинарот Роман Дуријак. Прв сопруг и беше глумецот Рајан Рејнолдс (43), но бракот им издржа само три години, а Јохансон во медиумите често даваше изјави за погледот на љубовта кој е малку поинаков од вообичаено.

„Мислам дека бракот е една романтична и убава идеја и може да биде супер, ама сепак мислам дека да се помине животот со една, иста личност, не е природно“, заклучила по разводот со Рејнолдс.

Иако премногу не верува во моногамија, Јохансон наскоро по третпат ќе го каже судбоносното „да“, а времето ќе покаже дали за глумицата ова ќе биде трета брачна среќа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот