Скандинавско истражување открива: Редовното вежбање може да го забрза стареењето

Фото: Paul Bradbury / Caia Image / Profimedia

Тим од скандинавски научници дошле до заклучок кој може да ги исплаши фитнес-ентузијастите. Имено, нивното истражување открива дека вежбањето не ни помага да живееме подолго, всушност може дури и да го забрза стареењето.

Студијата беше спроведена од истражувачи од Универзитетот „Јиваскила“ во Финска. Научниците проучувале повеќе од 11.000 фински истополови близнаци од 1975 до 2020 година,. Учесниците сами се евидентирале колку вежбале во просек, а потоа, во зависност од нивните навики, биле поделени во четири категории: статични, умерено активни, активни и високо активни.

Севкупно, оние кои најмалку вежбале имале околу 20 отсто поголеми шанси да умрат во текот на 45 години отколку оние кои биле умерено активни. Меѓутоа, кога беа земени предвид факторите на начинот на живот како што се образованието, индексот на телесна маса, пушењето и консумирањето алкохол, ситуацијата се промени.

Луѓето кои претежно биле статични имале само седум отсто поголема веројатност да умрат од оние кои биле активни, а не биле пронајдени дополнителни придобивки од високото ниво на вежбање.

Всушност, оние кои биле високо активни биолошки побрзо старееле. Физички најактивните лица во просек биле 1,8 години постари од најмалку активните. Истражувачите заклучија дека оние кои редовно вежбаат можеби нема да живеат подолго поради нивните тренинзи – туку затоа што генерално живеат поздрав живот.

Иако студијата сè уште не е рецензирана, таа неодамна освои национална награда за спортска медицина во Финска.

Инаку, Светската здравствена организација вели дека на луѓето на возраст од 18 до 64 години им треба најмалку 150 до 300 минути  аеробна физичка активност со умерен интензитет или 75 до 150 минути анаеробна физичка активност со висок интензитет неделно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот