Скандал: Олимписки шампион призна дека спиел со малолетната ќерка на тренерот

Јаник Ањел е олимписки шампион од ЛОИ 2012 година во Лондон/ фото: EPA/Hannibal Hanschke

Францускиот пливач и олимписки шампион, Јаник Ањел, предизвика скандал во Франција откако призна дека имал сексуален однос со малолетно девојче, кое е ќерка на неговиот тренер.

Ањел е уапсен во четвртокот во својот дом во Париз поради сомневања за силување и сексуален напад и беше притворен во Милуз, каде на јавен обвинител ги признал обвиненијата.

„Пливачот ја призна „суштината“ на обвиненијата против него“, рече обвинителот кој потоа додаде дека Ањел „не чувствувал дека постоела принуда“.

Сексуалниот однос се случил во 2016 година, кога девојчето имало 13 години, а Ањел 24.
Веднаш се огласи и Пливачката федерација на Франција која најави граѓанска тужба против пливачот.

Јаник Ањел се вивна во врвот на светското пливање во 2010 година кога постави француски национален рекорд на 400 метри слободно и стана европски шампион.

На Олимписките игри во Лондон 2012 година освои два златни медали, на 200 метри слободно и на штафетата 4х100 слободно.

На Игрите во Рио де Жанеиро 2016 година го освои 19 место на 200 метри слободно по што замина во пензија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот