Скандал го тресе Холивуд: Пола Абдул обвини славен продуцент за сексуален напад, ја зграпчил за меѓуножјето

Пола Абдул/ Најџел Литго / Фото: Alan Light / Matt Goss Music / Flickr

Познатата пејачка и танчарка Пола Абдул го тужи извршниот продуцент на „Американскиот идол“, Најџел Литго за наводен сексуален напад.

Поранешната членка на жирито на престижниот натпревар, во петокот против него поднела тужба во Лос Анџелес, Калифорнија.

Пола тврди дека Најџел повеќепати сексуално ја нападнал додека била судијка во „Идол“ и во шоуто „Ти мислиш дека можеш да танцуваш“ (So You Think Can Dance).

Во судските документи до кои дојде американскиот портал ТМЗ, пишува дека првиот напад се случил во првата сезона во која таа учествувала, кога биле на пат за регионална аудиција.

Пола тврди дека Најџел ја нападнал во лифтот на хотелот каде што престојувале. Наводно, ја турнал до ѕидот, ја заграпчил за гениталиите и градите и се обидел да ја бакне.

Пола се обидела да го оттурне од себе, рекла во тужбата, а кога се отворила вратата на лифтот, таа истрчала директно во својата соба.

Се јавила на еден од своите претставници да каже што се случило, но на крајот се откажала од тужбата бидејќи се плашела од негова одмазда, односно дека ќе ја исфрлат од програмата.

Вториот инцидент се случил во 2015 година кога таа се пријавила да биде судија во шоуто „So You Think Can Dance“, во кое Најџел бил извршен продуцент.

Во тужбата се наведува дека Најџел ја поканил во својот дом за да разговараат за „деловните можности“.

Верувајќи дека неговите намери се строго професионални, таа ја прифатила поканата.

Потоа, наводно, ѝ скокнал на каучот и се обидел да ја бакне, велејќи дека двајцата ќе бидат „моќна двојка“.

Пола го оттурнала Најџел од себе, според тужбата, и веднаш ја напуштила неговата куќа откако му рекла дека не е заинтересирана.

Пола тврди и дека Најџел исто така бил груб кон нејзините помошници, а на паузата на едно снимање во 2015 година го видела како гали една од членките на нејзиниот тим.

Пола, која беше судија на американската и британската верзија на пеачкото шоу „Икс фактор“, тврди дека наводното малтретирање на Најџел продолжило и години подоцна.

Таа во тужбата навела дека Најџел наводно ја исмевал со тоа што ѝ се јавил да ѝ каже дека треба да слават заедно бидејќи поминале „седум години и рокот на застареност“.

Пола го тужи Најџел, „19 Ентертејмент“ и „ФремантлМедиа Норт Америка“ за сексуален напад и злоставување, сексуално вознемирување, родово насилство и небрежност, наведува ТМЗ.

Споменатиот таблоид се обидел да стапи во контакт со обвинетиот, но тој сè уште не одговара на обвинувањата.

Најџел стана познато име во Велика Британија откако се приклучи на шоуто за таленти „Попстарс“ како судија во 2000 година.

Подоцна помогна во развојот и производството на шоуто „Поп ајдол“, кое подоцна стана глобална франшиза која го вклучува „Американски идол“.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот