Синот на Тијана Дапчевиќ полни 12 години: Тамара и Тијана со емотивни честитки

Instagram

Синот на Тијана Дапчевиќ, Вук, денес полни 12 години. По тој повод Тијана и нејзината сестра Тамара Тодевска му го честитаа роденденот на своите профили на социјалната мрежа „Инстаграм“ со интересни фотографии и видео.

Тијана сподели неколку фотографии во чиј опис напиша емотивна роденденска честитка посветена на својот син.

Instagram
Instagram

Најмил на мајка, среќен 12 роденден, да си здрав, среќен и паметен, те сакаат тато и мама до небото и ѕвездите и до аголот на универзумот“, напиша Тијана.

Под нејзината објава, роденденот на Вук му го честитаа и многу познати личности како српската пејачка Ивана Петерс, Милица Тодоровиќ, кошаркарот Перо Антиќ, Катерина Ивановска и други пријатели и следбеници на Тијана.

Кон честитките се приклучи и Тамара, па на својот профил сподели интересно видео со нејзиниот внук.

Мојата прва љубов денес полни 12. Среќен роденден Вуле, тетка те сака бескрајно“, напиша Тодевска во описот на видеото.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот