Синот на Бекамови го потпиша предбрачниот договор: Бекам и Пелц не веруваат во случајности

Instagram

За да се осигури богатството на нивните семејства, Бруклин Бекам и неговата свршеница Никола Пелц веќе го потпишаа предбрачниот договор, иако венчавката, поради сегашната ситуација со пандемијата на коронавирусот, се одложи.

Младата двојка мораше да го одложат датумот на нивната венчавка од септември 2021 година за 2022 година. 21-годишниот Бруклин Бекам и четири години постарата Никола Пелц во јавноста често ги споделуваат своите планови за нивната венчавка.

Instagram
Instagram

Како што откриле извори блиски до парот, тие веќе потпишале предбрачен договор, со цел да се заштити богатството на нивните смеејства, откако тие самите ќе станат сопружници. Така, се дознава дека во договорот стои дека ако некогаш се разведат, ќе го напуштат бракот само со работите што ги поседувале кога го склучиле, мислејќи на приход и недвижнини.

И додека богатството на родителите на Бруклин, поранешната пејачка, сега дизајнерка Викторија Бекам и поранешниот фудбалер Дејвид Бекам, се проценува на околу 335 милиони фунти, а на родителите на Никола Пелц на околу 1,1 милијарда фунти – само она што е во банка.

Instagram
Instagram

Како што открива извор за „The Sun“, предбрачните договори се вообичаени во Америка и нема ништо чудно во тоа, така што сите членови на семејството на Никола, кои се во брак, имаат по еден таков договор.

Одлуката на Бруклин и Никола да го потпишат договорот беше заедничка. Тој зад себе има искуства со девојки кои биле со него само затоа што е Бекам и има пари, па не е изненадување што неговите родители беа воодушевени кога ја запознаа Никола, која го сака за тоа што е. Нејзе не ѝ се потребни неговите пари“, споделил изворот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот