Си прват зеленило, а никако да им текне пешачки да направат (ФОТО) - Слободен печат
Ваш аголКолумни

Си прават зеленило, а никако да им текне пешачки да направат (ФОТО)

Граѓаните од Тафталиџе кои живеат на булеварот „8-ми Септември“ се жалат дека нема пристапни патеки

„На булеварот си прават зеленило, а никако да им текне пешачки премин и пристапна патека да направат. Во нашата зграда има 520 стана и навистина е невозможно регуларно да го преминеме булеварот. Во моментов екипи на Паркови и зеленило го засадуваат токму делот каде што треба да биде преминот. Затоа ние сакаме со време да реагираме со цел да се реши овој проблем“.

„На средината на коловозот постојат премини, меѓутоа и од едната и од другата страна треба да газите преку трева или земја за да преминете, ситуацијата воопшто не ни е јасна, зошто три пешачки премини кои ќе бидат уредно обележани и три пристапни патеки до истите се проблем“.

„Реагиравме кај надлежните, дури и на градоначалникот му се обративме. По нашата реакција, тој беше дециден дека нема да се прават пристапни патеки. Ние се чудиме како ќе ја поминуваме улицата…“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close