Шведската амбасадорка Бенгтсон ги претстави приоритетите на претседавањето на Шведска со ОБСЕ во 2021

Амбасадорката на Шведска во земјава, Кристин Форсгрен Бенгтсон денеска ги претстави програмата и приоритетите на Стокхолм за ОБСЕ за 2021 година, што беа презентирани од актуелниот претседавач, шведската министерка за надворешни работи Aн Линдe во Виена на 14 јануари, соопшти шведската Амбасада во Скопје.

Во текот на целата година, како што се наведува во соопштението, во рамките на своето претседавање, Шведска ќе биде водена од неколку приоритети, како што се одбрана на европскиот безбедносен поредок, решавање на долготрајни конфликти и зајакнување на демократијата и родовата еднаквост.

– Во рамки на претседавањето со ОБСЕ, Шведска ќе се фокусира на заедничките принципи и обврски, имено Хелсиншкиот завршен акт и Повелбата од Париз за нова Европа, кои ја сочинуваат основата на европскиот безбедносен поредок. Тие содржат елементи потребни за решавање на конфликтите и за избегнување идни кризи. Почитувањето на овие обврски е заедничка одговорност и е во интерес на сите земји-учеснички на ОБСЕ, рече амбасадорката Форсгрен Бенгтсон.

Шефот на мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клеменс Која изјави дека работата на Мисијата во поддршка на реформскиот процес во Северна Македонија, во приоритетните области како што се владеењето на правото, негувањето на социјалната кохезија, борбата против организираниот криминал, борбата против корупцијата, слободата на медиумите и родовата еднаквост, се целосно во согласност со приоритетите на шведското претседавање со Организацијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот