Шведска бара екстрадиција на човекот кој уби лидер на наркокартел во Сараево

Полиција на Босна и Херцеговина / Фото: Профимедиа

Судот на Босна и Херцеговина добил од шведскиот Интерпол барање за екстрадиција на убиецот на шефот на нарко картелот од Шведска, Харис Остердал, пишува Аваз.

Во ноември минатата година, Остердал беше убиен од Маџид Овеит, државјанин на Шведска, во сараевската населба Ступ. Тој и уште двајца Швеѓани се уапсени по убиството. На ликвидацијата на Остердал во Сараево и претходеа низа насилства и вооружени конфронтации во Шведска, но и во Турција.

Во Судот на Босна и Херцеговина за утре е закажано рочиште за екстрадициската постапка против Маџид Овеит, пишува Аваз. На рочиштето ќе биде разгледано барањето за екстрадиција на убиецот во Шведска, која по него распиша меѓународна потерница поради поврзаност со ликвидациите во таа земја.

Маџид Овеит е во притворското одделение на Казнено-поправниот дом Зеница од ноември, како и двајца други шведски државјани Херберт Оливер Петер и Конард Тајлус. Сите тројца се осомничени за убиството на Остердал. Денеска ќе се разговара и за продолжување на притворот за тројцата шведски државјани.

Бранот на насилство започна по пукањето во истанбулскиот кварт Маслак на 6 септември 2023 година. Двајца вооружени мажи на мотоцикли отворија оган врз група луѓе што седеа во кафуле, а тие возвратија. Напаѓачите успеале да побегнат. По пукањето, групата од кафулето влегла во комбе и го напуштила просторот. Утврдено е дека комбето е регистрирано на шведски државјанин идентификуван како И.А.(33).

После тоа, полицијата ги уапсила возачот на комбе К.К.(47) и шведските државјани Ричард Ичо Маркус (23), Мевлудин Мехоњиќ (31), Елвир Мутиќ (22) и Салах Ал-Зубеиди (24) од Норкопинг, како и Харис Остердал (30), пишува Кликс.ба.

Според шведските медиуми, Остердал претходно бил осуден за тешки кривични дела поврзани со дрога и оружје. „Тој веќе неколку години е добро позната личност во светот на стокхолмските банди“, пишуваат шведските новинари кои го поврзуваат со голем конфликт во криминалната мрежа Фокстрот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот