Што ви зборува потсвеста: Едноставен квиз преку кој ќе дознаете кој камен, каква порака ви носи

Драги камења/Facebook
Драги камења/Facebook

Се верува дека полудрагите камења имаат лековити својства и ја зголемуваат енергијата. Но не само тоа – тие испраќаат и несвесни и духовни пораки, кои нам ни помагаат да го избереме вистинскиот пат.

Со овој едноставен тест, ќе дознаете што ви е потребно во мигот и кој е вашиот духовен камен, на што ќе ве поттикне и како да стигнете до целта. Од многу одамна постои верување дека секој полудраг камен е својствен на одреден тип на личност и карактер и за тој човек тој камен е амалија.

Зависно кој број ќе го одберете, еве што означува тој камен и како се однесува тоа на вас.

1.Гранит

Ако го избравте полудрагиот камен гранит, тогаш она што вам ви е потребно во мигот е енергетско приземјување. Тој ја регенерира вашата енергија и се поврзува со земјата. Ако проаѓате низ стресен период, мора да се посветите на сопствените мисли и божествената енергија. Ако е така, користете го овој камен да ви помогне да се регенерирате и да одржите подобар контакт со реалноста.

2. Аметист

Ако избравте аметист, тогаш вам ви треба свеж, магичен воздух за духот. Живееме во свет во кој најразлични стимуланси и дразби ни го „крадат“ духот. Аметистот помага да останеме трезни, во поглед на она што нам ни е важно. Така ни помага и со фантазијата – повторно ја враќа нашата креативност во игра.

3. Крвав камен

Ако избравте крвав камен, тогаш веројатно има нешто што ве прогонува долго време и треба да се ослободите од истото. Крвавиот камен делува како магичен мост меѓу нашите емоции и помага да ги ослободиме сите скриени емоции.

4. Сафир

Сафир е симбол на небото. Припаѓа на планетата Сатурн. Тој порачува дека саката да останете по нешто забележани во вечноста, или вашите дела да ве надживеат. Се верува дека оној кој носи сафир, дава сила, чест и вечност. Во средниот век му се припишувале најголеми духовни вредности. Тој е камен на вистинската вера, духовната чистота и заштитник на делувањеата. Учител е на најблагородните цели ако животот го ускладиме со законите на Универзумот.

5 Ахат

Ако сте го избрале каменот ахат, веројатно треба да го засилите својот однос со природата и внатрешното спокојство. Се верува дека ако закопате ахат во земјата, местото каде е каменот ќе стане магично. Тоа е веројатно она што ви треба, да ја оживеете надежта во својот живот.

Драги камења/Facebook
Драги камења/Facebook

6. Смарагд

Ако избравте смарагд, во фокусот ви е љубовта и партнерските односи. Ова е камен на инспирацијата и бескрајно трпение. Тој ви носи смирување на емоциите и добри односи со другите луѓе. Познат е како камен на „успешната љубов“ и носи благослов и верност. Го засилува единството, љубовта, партнерството и помага во искрените пријателства.

7. Оникс

Доколку го избравте ониксот, тоа значи дека ви е потребна поддршка. Ониксот дава сила, пружа силна поддршка во тешки мигови и околности и ја зајакнува духовната енергија. Тој ве хармонизира со природата, и ви ја проектира иднината, олеснувајќи ви ги одлуките. Овој камен поттикнува кревкост, но постојаност и изджливост.

8. Карнеол

Ако го избравте карнеолот, можно е да имате некои неосновани стравови. Овој камен ги приземјува вашите мисли и ви дава храброст. Стимулира креативност и поттикнува позитивни избори во животот, ја минимизира апатијата и мотивира за успех во работењето.

9. Жад

Ако избравте жад, можно е да копнеете по духовен мир. Тој е симбол на чистота и смиреност. Овој камен е ценет на Истокот, каде преставува мудрост и спокојство. Ја зголемува љубовта и носи хармонија. Се верува дека привлекува среќа во пријателството. За овој камен се верува дека ја стабилизира личноста и го обединува телото со умот. Поттикнува задоволство од самите нас.

10. Берил

Доколку избравте берил, ви недостига храброст и практичност за реализација на вашите планови и идеи. Тој ве учи како да го спроведете она што сте го замислиле на дело. Овој камен е за оние кои тешко надминуваат стресни ситуации. Ја зголемува храброста и ве смирува.

Драги камења/Facebook
Драги камења/Facebook

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот