Што се случува кога ќе престанеме да јадеме леб: Причината поради која слабееме

Фото: Пекселс/ maria-fernanda-perez

Лебот е омилена храна за многу луѓе и тешко е да се замислат оброци без него, но познато е дека влијае на тежината.

Често слушаме од луѓето кои решиле да ослабат дека го исфрлаат лебот од исхраната бидејќи го забрзува слабеењето. „Стори“ (Story) пишува што навистина се случува во телото кога ќе го исфрлиме лебот од исхраната.

Губење на тежината предизвикано од задржување на водата во телото

Лебот е полн со јаглехидрати, а нивното нагло исфрлање ќе влијае на телото и ќе доведе до слабеење. Сепак, не станува збор за брзо слабеење, туку за исчезнување на водата што се акумулира во телото.

Телото складира јаглехидрати во форма на гликоген, млечна киселина која собира вода. Секој грам јаглехидрати задржан во телото задржува и врзува три до четири пати повеќе од неговата тежина во вода.

Фото: Пекселс/ marianna-ole

Помала потреба за храна

Познато е дека јаглехидратите предизвикуваат нагло зголемување и скок на шеќерот во крвта, кој потоа нагло опаѓа, а тоа предизвикува чувство на глад и потреба за храна. Ова е уште една причина зошто лебот влијае на килограмите бидејќи е натоварен со јаглехидрати.

Тоа не значи дека лебот треба целосно да го исфрлите од исхраната, туку само празните калории и белиот леб да ги замените со интегрални житарки кои го регулираат и балансираат шеќерот во крвта.

Фото: Пекселс/ mariana-kurnyk

Повеќе енергија и подобро варење

Белиот леб, за разлика од црниот или интегралниот леб, не содржи влакна, кои се многу неопходни за нормално функционирање на цревата и варењето на храната. Таквата храна предизвикува запек и дигестивни проблеми. Откако ќе го исклучите белиот леб од менито и ќе ги вклучите интегралните житарки во вашата секојдневна исхрана, варењето почнува да работи нормално и лесно.

Исто така, јаглехидратите се храна и гориво за мозокот. Ако храната е квалитетна, мозокот работи нормално, без потешкотии, но ако храната за мозокот не е здрава, телото реагира негативно, предизвикувајќи чувство на мака и замор.
Нутриционистката Кејси Барнс истакнува дека е важно да внесувате јаглехидрати во организмот во умерени количини и тоа е нешто што не смеете да го заборавите.

„Со вклучување на овие намирници во вашата исхрана ќе внесете доволно влакна, железо, фолна киселина и магнезиум, ќе бидете сити и ќе имате доволно енергија. Запомнете дека ниту една храна не е инхерентно лоша, важно е само да имате рамнотежа и да одредите кои делови се најдобри за вас“, истакнува Барнс.

Фото: Пекселс/ mariana-kurnyk

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот