Што е „леплив“ холестерол и зошто е опасен за лицата со висок крвен притисок

Фото: Профимедиа

Досега научивме дека ЛДЛ или „лошиот“ холестерол и крвниот притисок не се добар пар, но новите истражувања покажуваат дека посебен тип на ЛДЛ холестеролот може да го зголеми ризикот од срцев или мозочен удар кај лица кои веќе имаат проблеми со висок крвен притисок.

Високото ниво на липопротеинот (ЛП(а)), којшто е всушност „леплив“ холестерол, особено загрижува кај пациентите кои се борат со хипертензијата (висок крвен притисок).

„Дојдовме до сознанија дека постои голем кардиолошки ризик кај оваа популација, а се чини поради хипертензијата“, наведува главниот автор на студијата д-р Риши Рики, кардиолог. Тој додава дека лицата со хипертензија имаат зголемен ризик ако се зголемени нивоата на тој тип на липопротеин. Лицата кои имаат зголемено ниво и немаат проблеми со висок притисок, не се во ризична група, но липопротеинот(а) во комбинација со хипертензија, се чини дека го зголемиуваат ризикот.

„Се чини дека липопротеинот(а) и ниското ниво на хипертензија нема да предизвикаат проблеми, но кога се појавува високо ниво на липопротеинот кај висок крвен притисок, тогаш ризикот се зголемува. Фактот дека липопротеинот влијае на односот помеѓу хипертензијата и кардиоваскуларните болести е многу интересен и дава важни интеракции кај хипертензијата, липопротеините и кардиоваскуларните заболувања“, објаснува д-р Рики и додава дека секако се потребни повеќе истражувања за да се потврди поврзаноста.

Се работи за ЛДЛ варијанта на липопротеинот кој е направен од протеини и масти кои го носат холестеролот до артериите.

„Тој протеин создава и честички кои ќе ги оштетат ѕидовите на артериите повеќе од „обичниот“ ЛДЛ“, наведува кардиологот д-р Дона Полк.

Лицата кај кои нивото на овој липопротеин е зголемено, може да имаат проблеми со таложење на маснотии на артериите, а постои и поголем ризик од развој на периферни болести на артериите, аортна стеноза, но се споменува и поголем ризик за развој на периферна болест на артериите, аортна стеноза, но се спомнува и поголем ризик за настанување на инфаркт. Липопротеинот(а) е исто така прашање на генетика и може да предизвика проблеми дури и кај здрава личност. Здравиот начин на живот и усвојувањето нови здрави навики секако може да го намалат ризикот, но и да ви помогнат да го намалите нивото на холестерол.

Здравата исхрана како што е медитеранската се чини покажува добри резултати, а всушност, се смета за здрав план за исхрана. Таа е богата со маслиново масло, риба, тестенини, домати, овошје, зеленчук, цели зрна, мешунки и јаткасти плодови. Здравите масти што ги нуди се важен дел од оваа исхрана, маслиновото масло е главната намирница, а истражувањата покажале дека тоа обезбедува незаситени масти кои можат да влијаат на намалувањето на холестеролот, особено на „лошиот“.

Кардиологот д-р Ерик Стал вели: „Секој кој има висок холестерол треба да работи на тоа да го намали преку вежбање, зголемена физичка активност и губење на килограмите. Американското здружение за срце советува најмалку 150 минути умерена активност неделно или најмалку 75 минути интензивни активности во текот на неделата, како што се аеробни вежби. Кога овие мерки не се доволни, потребно е да се спроведе контрола со лекови препишани од лекар“.

Влијанието на стресот врз срцето е силно, а ако нешто не се преземе во врска со тоа прашање, може да предизвика разни проблеми, а еден од нив е и „синдром на скршено срце“.

„Важно е да се грижите за целокупното здравје, но и за себе. Често забораваме дека стресот може негативно да влијае на здравјето на срцето“, наведува кардиологот д-р Лесли Чо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот