ШТАНЦАЛЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ: Откриени над 250 сајтови за дезиформации околу конфликтот во Кашмир

Невладината организација “ЕУ Дисинфо Лаб” разоткрила мрежа од над 250 веб сајтови чија цел е да се дезинформира европската и меѓународната јавност за конфликтот помеѓу Индија и Пакистан околу Кашмир.

Извештајот, објавен вчера, објаснува дека откритието е направено благодарение на работата на Европската служба за надворешни работи која посочи неодамна дека веб сајтот “ЕП Тудеј” е про-руска платформа која шири дезинформации, но дека форматот на сајтот е таков што изгледа како да припаѓа на Европскиот Парламент.

Поаѓајќи од таму, невладината организација започнала истражување и дошла до цела мрежа на веб сајтови во 54 земји и кои систематски “го критикуваат Пакистан” и шират дезинформации за конфликтот помеѓу оваа земја и нејзиниот моќен сосед, Индија, околу регионот Кашмир.

Невладината организација нагласува и дека во оваа мрежа е инволвиран член на Европскиот економски и социјален комитет, бидејќи тој негува “блиски односи” со оваа мрежа.

Целта, според ЕУ Дисинфо на организаторите на оваа мрежа е да “допрат до оние кои одлучуваат во Брисел, без да може да се пронајдат организаторите на оваа манипулативна мрежа”.

-И тоа им успеа, изјави Александар Алафилип, извршен директор на невладината, кој смета дека повеќе европратеници се засегнати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот