Шпанија останува на ставот против кандидатурата на Косово за членство во ЕУ

„Шпанија не го признава Косово, затоа ќе гласа против каква било процедурална одлука и доделување кандидатски статус на Косово“, рече Пасквал Наваро, претставник на Шпанија за Европската унија, за време на својот говор пред Мешовитата комисија на ЕУ, објави Клан Косово.

Тој додаде дека откако Косово официјално поднесе барање за членство во сегашното претседателство, во овој случај Чешка, мора да се донесе „процедурална одлука“, која се претпоставува дека ќе биде одобрена од Шведска од јануари, откако оваа скандинавска земја ќе го преземе претседателството.

Нормално, продолжи тој, е да се побара мислење од Европската комисија, потоа да се расправа во Советот за општи работи и на крајот да одлучуваат европските лидери во Европскиот совет.

Владата нема да ја поддржи кандидатурата во сегашните околности и оваа позиција не е променета“, нагласи шпанскиот државен секретар за Европската унија.

Шпанија е една од петте земји на ЕУ, заедно со Грција, Кипар, Романија и Словачка, кои не ја признаваат независноста на Косово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот