Шпанците и Турците беа против понатамошно учество на Макаби Тел Авив во Евролигата

фото: EPA-EFE/ABIR SULTAN

Кошаркарскиот клуб Макаби од Тел Авив ќе ја продолжи сезоната како домаќин во Белград, во салата „Александар Николиќ“, поради воената состојба во Израел, а според информациите на израелските медиуми, шпанските и турските клубови, на неодамна средба во Евролигата, се спротивстави на понатамошното играње на гордоста на Израел во елитното натпреварување.

Порталот „Вала“ од Израел, дознава дека претставниците на шпански и турски клубови на последниот состанок во Евролигата, на кој се решаваше судбината на Макаби, биле против тие да го продолжат натпреварувањето.

Како причина го наведоа тоа што секој натпревар на Макаби повлекува вонредни безбедносни мерки кои секој клуб ќе мора да ги преземе во иднина поради зголеменото непријателство кон Израелците, што автоматски ги зголемува трошоците за организација на тие натпревари.

На тој состанок присуствуваа Панатинаикос, Олимпијакос, Милано, како и ЦСКА која не се натпреварува поради руската инвазија врз Украина. Евролигата не го ни гласаше предлогот Макаби да го продолжи натпреварувањето во Белград.

„Вала“ наведува дека сопствениците на Макаби, Давид и Дени Федерман дури и се заканиле дека ќе се повлечат од натпреварувањето доколку не им биде дозволено да го продолжат натпреварувањето, а потоа имало дискусија по која е одлучено Макаби своите натпревари да ги игра во Белград до понатамошно известување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот