Шкотска Премиер лига: Миовски и Абердин не успеаја да го изненадат Селтик

фото: NEWSLINE MEDIA/instagram.com/aberdeenfc

Денеска во 17 коло од најсилното шкотско првенство екипата на Селтик славеше на гостувањето кај Абердин со 0:1.

За домаќините овојпат македонскиот репрезентативец Бојан Миовски не успеа да се запише во листата на стрелците.

Нашиот играч ја напушти играта во 73 минута, мрежите мируваа до 87 минута која беше реализиран единствениот погодок на средбата, а стрелец беше МекГрегор по асистенцијата на Форест.

Со овие нови три бода Селтик само уште еднаш потврди дека и сезонава е најголем кандидат за освојување на титулата.

Играчите на Постекоглу се првопласирани во генералниот пласман со 45 бодови, пред Ренџерс кој има 36, а Абердин по седмиот пораз е на третата позиција со 25.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот