Шилегов: Ќе поднесеме кривична до Обвинителството против фирмата на која и истече солната киселина

Петре Шилегов, Фото: European Union/Fred Guerdin

На денешната пресконференција, градоначалникот Петре Шилегов, најави дека Град Скопје ќе поднесе кривична фирма против фирмата на која вчера и истече солна киселина во кругот на поранешната фабрика МЗТ. 

Шилегов потенцираше и дека иако Државниот инспекторат за животна средина бил надлежен за овие инсталации, тие веднаш испратиле екипи на терен.

„Иако надлежен за вакви инсталации е Државниот инспекторат за животна средина, ние веднаш по пријава на граѓани излеговме на терен. Направен е записник, констатирано е дека се работи за истекување на солна киселина од цистерна, веднаш се преземени итни мерки за спречување на понатамошно истекување. Фирмата работела без дозвола, па затоа ќе поднесеме кривична пријава до Обвинителството. Го повикува Јавното обвинителство сериозно да ја сфати состојбата со животната средина и да почне соодветно да постапува по вакви и слични пријави –  изјави Шилегов.

Инцидентот се случи синоќа, кога најпрво била забележана непријатна миризба како се шири во кругот на фабриката, по што биле испратени екипи за интервенција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот