Шилегов и Георгиевски најавија продолжување на акцијата за чистење на јавниот простор

фото:МИА

Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов и градоначалникот на Општина Гази Баба Борис Георгиевски денеска посетија дел од булеварот „Александар Македонски” каде е во тек акцијата за чистење на јавниот простор и улиците на општината.

Целта е, нагласи Шилегов, да се изврши темелно чистење, отстранување на дивите депонии што се наоѓаат во самите општини, како и санација на ударните дупки по споредните улици. најави дека веќе се разработува план со општините да им од три до пет локации во рамки на секоја општина, на кои во точно определн рок граѓаните ќе можат без надоместок да го оставаат кабастиот отпад.

Градските јавни претпријатија заедно со ЈКП Гази Баба, изјави Георгиевски, од утрово работат на расчистување на кејот на реката Вардар на потегот од Ќерамидница до мостот Близнак.

– Заедно со Градот Скопје поставивме и три контејнери во Автокоманда, Хиподром и Ченто за собирање кабаст отпад. Вакви локации ќе бидат предвидени и низ другите населени места, а граѓаните ќе знаат точно кој ден би можеле да го изнесат кабастиот отпад, информира градоначалникот Георгиевски.

Потенцираше дека приоритет е чиста и зелена општина. Градоначалникот на Општина Гази Баба информираше дека изминатите 18 месеци Општината има вложено средства за опремување на ЈКП Гази Баба, со набавка на механизација и опрема за одржување на јавното зеленило, а зголемен е и бројот на вработени.

На прашањето што презема Градот Скопје за разладување на граѓаните, градоначалникот Шилегов информира дека во зависност од временските услови после викендот ќе се организираат акции односно пунктови за разладување. Во врска со посолување на улиците заради разладување, Шилегов замоли, како што рече, „на такви ефтини финти да не паѓаме”.

Одговарајќи на новинарско прашање за планираните градежни активности за рекреативен комплекс на езерото Треска, градоначалникот Шилегов истакна дека тоа е реализација на предизборното ветување, а од она што е информиран, подвлече, постои интерес кај приватни инвеститори и затоа е донесена таква одлука.

– Прв пат во Општина Сарај ќе се донесе ДУП, ќе се има предвид во самата постапка заштитата на животната средина. Тоа ќе биде облагородување на просторот околу рекреативното езеро што ќе го направи поатрактивно за граѓаните. Езерото не е предмет на концесијата, туку околината, изјави денеска Шилегов и додаде дека деталите за инвеститорите не му се до крај познати.

Тој меѓу другото најави дека ќе се спроведува транспарентно анкета електронски и со писмена достава до граѓаните за преименување на дел улиците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот