Шест лица повредени во сообраќајка во Струмица

Полесно се повредени шест лица во сообраќајната незгода меѓу автомобили марка „форд ескорт” и „ауди”, а меѓу повредените е и  жена во поодмината бременост.

Во центарот на Струмица на булеварот „Маршал Тито” околу 12.30 часот се случила незгодата меѓу двете возила.

Од струмичката болница велат дека кај сите лица се констатирани само лесни телесни повреди и никој не е задржан на лекување. Сите биле прегледани од ортопед, а единствено врз бремената жена ќе бидат извршени дополнителни прегледи.

Полицијата изврши увид на местото на незгодата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот