Шекеринска: Полската болница Role 2 лоцирана кај Инфективна болница ставена во функција на јавното здравје

Вицепремиерката и министер за одбрана Радмила Шекеринска на прес-конференција информираше за распоредувањето на армијата на територијата на земјата.

-Од вчера официјално нашата Армија се вклучи во поддршка на сите државни институции. Ќе бидеме на првата линија на одбрана на здравјето на граѓаните, семејствата и државата, а армиските припадници ќе бидат присутни секаде каде што е потребно.

Во услови на вонредна ситуација армијата е во поддршка на различни државни органи, а пред се на полицијата. Согласно оваа уредба формиран е оперативен штаб меѓу полицијата и армијата. Главниот фокус во следниот период ќе го ставиме на три задачи.

Прво целосно превземање на граничните премини. Тоа не значи дека војниците ќе ги контролиратаат граничните премини, туку зелената линија на границата ќе биде под нивен надзор за да се спречат нелегални влезови.

Втората задача е заедничко учество во мобилни екипи полиција – армија, за проверка на влезови – излези во земјата и во регионите на ангажирање. Заеднички тимови ќе можат да спроведат и контрола на почитување на полицискиот час и самоизолација, која ако не се почитува ќе се изрекуваат мерки и упатување во државен карантин.

Третата задача е да обезбеди физичко обезбедување на витални објекти. Во првиот чекор тоа значи дека АРМ ќе го обезбедува Собранието, Владата и други важни локации како затворите. Важно е да обезбедиме никој да не се грижи дали овие установи се под контрола.

Поради тоа што полицијата е вежбана и обучувана да се справува со цивилни закани, армијата ќе даде поддршка со луѓе и опрема за да се спроведат засилените активности.

Полската болница Role 2 е во функција на нашето здраве, лоцирана на влезот на Инфективната болница како поддршка не само за воорушените сили, туку на нашето јавно здравје.

Во зависност од ситуацијата, така ќе го димензионираме присуството на армиските војници.
Ги повикувам сите припадници на армијата да покажат максимална ангажираност и лојалност кон државата.

Тоа што ќе се случува следните денови нема да биде лесно. Се соочуваме со епидемија и опасност која бара сите да бидеме мобилизирани и фокусирани, рече Шекеринска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот