Шекеринска ќе има средба со Метју Палмер на Бледскиот стратегиски форум

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, денеска и утре во Словенија ќе учествува на 14. Бледски стратегиски форум, каде заедно со словенечкиот министер за одбрана, Карл Ерјавец, и министерот за надворешни работи на Шпанија, Џозеф Борел, ќе се обрати на панелот насловен „Што следува? – поглед на евроатлантската безбедност, 70 години по Вашингтонскиот договор”.

Попладне министерката Шекеринска ќе има одвоена средба со специјалниот претставник на САД за Западен Балкан, Метју Палмер.

Бледскиот стратегиски форум секоја година е местото каде што се среќаваат влијателни светски и европски политичари и државници. Форумот претставува една од водечките меѓународни конференции во Централна и Југоисточна Европа. Годинава, форумот ќе биде отворен од словенечкиот заменик – премиер и министер за надворешни работи, Миро Церар, свои обраќања ќе имаат претседателот на Естонија, Керсти Каљулаид и претседателот на Словенија, Борут Пахор, министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, како и претседателката на 73. сесија на Генералното собрание на Обединетите Нации, Мариа Фернанда Еспиноса Гарсес.

На Бледскиот стратегиски форум учествува и шефот на дипломатијата, Никола Димитров.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот