Шекеринска: Армијата беспоштедно излезе во борба со пожарите, ниту еден од војниците не се сокри и не замина во најтешкото

Радмила Шекеринска
Радмила Шекеринска / Фото: МИА

Речиси десет дена буквално сите државни капацитети се ставени целосно во служба на справувањето со пожарите, а Армијата и нејзините припадници покажаа дека секогаш и секаде се први да одговорат на барањето на граѓаните и на државата, да се вложат со целиот капацитет, со целото знаење со целата нивна опрема за да спасат прво човечки животи, а потоа да ги спасат и материјалните добра и природните добра на државата, истакна денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

– Ангажирани беа и се уште се, сите капацитети на Армијата, човечкиот потенцијал и нашите воздухоплови за кои во ниту еден момент практично немаше простор за одмор. Ангажирани се пешадиски единици од Командата за операции, Првата бригада, специјалните сили и целосно беа ангажирани припадниците и воздухопловите на воздухопловниот ВИНГ. Буквално сите капацитети заедно со логистиката кои имаат знаење и умеење да се справуваат со огнените стихии, потенцира Шекеринска на денешната заедничка прес-конференција со командантот на Воздухопловниот ВИНГ, полковник Стојко Пејовски и командант на Командата за операции на Армијата, бригадниот генерал Бесник Емини, посветена на ангажманот на армиските припадници во справувањето со пожарите во земјава.

Шекеринска појасни дека во моментов 1.614 припадници се ангажирани и додаде дека оваа бројка постојано се менува. Над 1000 припадници на Армијата секојдневно се во фаза на приправност, а во просек дневно помеѓу 250 до 400 војници со целосна опрема, механизација и летала беа ставени на располагање на цивилните институции за да помогнат.  И практично ова е, како што рече, најголемата бројка на човечка сила која што се вклучи во гасењето на пожари.

– Повеќе од 80 прелети со над 650 тони исфрлена вода, беспоштедно, без резерви, без калкулации Армијата излезе и за своите граѓани и за својата држава, рече Шекеринска и изрази благодарност до припадниците на Армијата за нивниот голем ангажман и ризиците со кои се соочуваа, и на земја, а особено на воздух.

Министерката Шекеринска потсети дека ги посети војници и офицерите распоредени на терен во Старо Нагоричане, во Беровско-пехчевскиот регион,  во Прилеп, Штип…, додавајќи дека разговарала и со дел најголем дел од припадниците на воздухопловниот ВИНГ.

– Мислам дека сите заслужуваат највисоки оценки и пофалби дека тоа што го сработија беше навистина херојство. Ниту еден од нив не постави прашање, ниту еден не се скри, ниту еден не замина во најтешкото, туку сите беа присутни и тоа беа присутни навистина постојано, нагласи Шекеринска, притоа изразувајќи благодарност за добиената помош од Словенија, Романија, Србија, Австрија, Бугарија… и на сите други што помогна.

Министерката посочи дека според нивните информации постои сомнеж дека причини за еден дел од причините е човечки фактор.

– Мојата порака и денеска, како и пораката на армиското раководство е дека Армијата останува будна и остануваме распоредени на повеќе локации меѓу другото и за да спречиме понатамошна ескалација. Нема да дозволиме ниту еден човечки живот да биде во опасност заради ваквите неодговорно или криминално однесување, рече Шекеринска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот