Шефилд Јунајтед само што се врати во Премиер лигата, ставен на продажба

Фото: EPA-EFE/TOLGA AKMEN

Шефилд Јунајтед сезонава обезбеди пласман во најсилната англиска конкуренција, Премиер лигата, но по радоста навивачите ги дочека разочарување. Имено, актуелниот сопственик размислува да се повлече и да го продаде клубот.

Заедно со Барнли, Шефилд се враќа во елитата, меѓутоа изгледа дека финансиските проблеми го направиле своето. Принцот и мултимилијардер Абдула донел одлука да го стави клубот на продажба.

Наводно тој очекува во наредните четири недели да добие понуди кои ќе бидат разгледани. Ќе потсетиме, неодамна Шефилд доби забрана за трансфери поради неисплатена сума на пари кон Ливерпул.

На фудбалерите им беше ветена премија од 250.000 до 400.000 фунти по играч за пласманот, но со оглед на ситуацијата и објавата за продажба на клубот не се оптимисти дека тие најави ќе станат реалност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот