Шаќири на средба со претставници на „Спејс икс“: Најдобри опции за брз интернет за сите граѓани во државата

Министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири одржа онлајн состанок со претставници на Space Exploration Technologies Corporation – „Спејс икс“, соопшти Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА).

Министерството за информатичко општество и администрација, стои во соопштението, бара најдобри опции за обезбедување брз интернет за сите граѓани во државата, во урбаните и руралните средини кои сè уште немаат пристап до интернет, како и за можностите за подобрување на поврзаноста во сите области и градови на Република Северна Македонија.

Од МИОА дополнуваат дека ќе соработуваат со Владата и ќе бараат начини за субвенционирање на интернет конекциите за клиенти преку добро осмислен систем на ваучери, земајќи го примерот на другите европски земји, во овој случај, Германија.

Постигнување брзина на Интернет од 300 Mbps, посочува МИОА, за секое домаќинство, дури и во најдлабоките области на државата, е целта што мора да ја постигнеме на крајот од спроведувањето на овој проект.

МИОА воедно најавува дека разговорите со компанијата ќе продолжат за обезбедување подобри услуги на граѓаните.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот