Шакира со критика за филмот „Барби“: Не ми се допаѓа, сакам моите синови да се чувствуваат моќни

Фото: Instagram / shakira

Шакира ја краси насловната страница на списанието „Алур“, а во интервјуто даде прилично неочекуван коментар за филмот „Барби“, поради што многумина ја критикуваат на интернет.

Блокбастерот во режија на Грета Гервиг се најде на врвот на кино-благајните минатата година со 1,4 милијарди долари ширум светот и заработи осум номинации за Оскар, вклучително и за најдобар филм.

Сепак, колумбиската пејачка изјави дека донекаде го дели мислењето на нејзините два сина, на кои филмот воопшто не им се допаднал, сугерирајќи дека тоа е дел од поп-културата која „на мажите им ја одзема способноста да бидат мажи“.

„Моите синови апсолутно го мразеа тоа. Воспитувам две момчиња. Сакам тие да се чувствуваат моќно почитувајќи ги жените. Ми се допаѓа поп-културата кога се обидува да ги поттикне жените без да им ја одземе способноста на мажите да бидат мажи, исто така да штитат и обезбедуваат. Верувам во давањето алатки и доверба на жените, дека сè можеме да направиме без да ја изгубиме суштината, без да ја изгубиме женственоста“, изјави пејачката.

Таа рече дека верува дека и мажите и жените имаат своја цел во општеството, но различна, велејќи дека „се надополнуваме и дека комплементарноста не треба да се изгуби“.

„Само затоа што жената го може сето тоа, не значи дека треба?“, ја прашала новинарката, на што Шакира одговорила: „Зошто да не го споделиме товарот со луѓе кои заслужуваат да го носат, кои исто така се должни да го носат?“.

Нејзиниот коментар е споделен на социјалните мрежи, а многумина се шокирани од изјавата, со оглед на тоа дека албумот што го најавува носи феминистички пораки спротивни на ваквиот став.

„Те сакам, но ова не ти требаше“; „Од сите луѓе кои го критикуваа филмот ‘Барби’, не очекував Шакира да биде најлоша“; „Таа целосно погрешно го разбрала филмот“; „Дали таа воопшто го гледала филмот?“, беа дел од бројните коментари кои ги предизвика нејзината изјава.

ФОТО | Шакира има нова љубов: Тој е сосема поинаков од Пике

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот