Северна Македонија и Србија разменија искуства за привлекување туристи кои сакаат да побегнат од урбаните средини

И Северна Македонија и Србија имаат можности и перспективи во руралниот туризам, имаат добра храна и пијалаци. Во таа насока, треба да разменат искуства и да развиваат нови туристички производи, беше речено на меѓународната научна конференција „Предизвиците во туризмот и бизнис логистиката во 21. Век” во Штип.

-Со новите туристички производи ќе можеме да ги привлечеме туристите кои сакаат да побегнат од урбаните средини, а од друга страна да го понудиме она што го имаме како компаративна предност пред останатите дестинации, изјави деканот на Факултетот од Врњачка бања, Драган Цвијановиќ.

Најновите трендови во туризмот и бизнис логистиката беа дел од темите на конференцијата што ја организира Факултетот за туризам и бизнис логистика (ФТБЛ).

Деканот на ФТБЛ, Никола Димитров истакна дека годинава, во организацијата како партнери се вклучени и Универзитетот „Свети Климент Охридски” – Битола, Факултетот за туризам од Охрид и Факултетот за хотелски менаџмент и туризам од Врњачка Бања (Универзитет Крагуевац).

-Пријавени се 63 автори со 36 трудови од пет држави. Имаме презентации поделени во две сесии. Туризмот претставува светски процес во кој и ние како држава, но и како регион, имаме водечка улога да го развиваме тој туризам. Покрај теми од туризмот, имаме и неколку трудови од бизнис логистиката, рече Димитров.

Учеството на  Факултетот за туризам од Охрид и Факултетот за хотелски менаџмент и туризам од Врњачка Бања е резултат на Договорот за соработка што го имаат потпишано со ФТБЛ:

Поддршка за конференцијата, како и минатата година, обезбеди и Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.

-Токму ваквите научни конференции се шанса за размена на меѓународните искуства и регионалното поврзување. За два месеци, Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот заедно со туристичките организации на Србија и Црна Гора ќе учествуваат заеднички на престижен Азиски саем за туризам, каде ќе се понудат заеднички комплементарни туристички тури, нагласи директорот на Агенцијата, Љупчо Јаневски. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот