Сетиен: Сите видоа што се случи на мечот Сосиедад-Реал!

twitter/Barça Watch

Доста прашина се крена во шпанските медиуми после вчерашниот натпревар од „Ла Лига“ помеѓу Реал Сосиедад и Реал Мадрид.

После ремито на Барса со Севиља, и победата на „кралевите“ над Сосиедад, играчите на стратегот Зинедин Зидан повторно се лидери во првенството.

На дуелот Сосиедад-Реал Мадрид многумина сметаа дека вториот гол на „кралевите“ требаше да биде поништен, бидејќи Бензема играше со рака.

Но, судијата не досуди ништо, иако пред тоа двапати користеше ВАР. Прво досуди непостоечки пенал за Реал, а потоа поништи гол на Сосиедад кој го постигна Јанузај, бидејќи еден од играчите на овој тим му пречеше на Куртоа и беше во офсајд.

После овие одлука свој коментар имаше и тренерот на Барселона, Кие Сетиен кој му порача на светот што навистина се случуваше во Сосиедад.

Не разбирам зошто се користи ВАР во едни ситуации, а во други не се користи. Не сакам многу да зборувам за судиите, бидејќи на тоа не можеме да влијаеме. Во такви сомнителни моменти понекогаш сте среќни, а во други ништо. Видовте што се случи на мечот, самите проценете – рече Сетиен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот