Судиите и ВАР му помагаат на Реал Мадрид

фото: твитер

Иако составот на Зидан не одигра спектакуларен натпревар, но со головите на Рамос и Бензема дојде до три важни бодови.

Реал Мадрид синоќа го совлада Реал Сосиедад на гостински терен со 1:2 и се врати на првото место во „Ла Лига“ откако Барселона во петокот одигра 0:0 кај Севиља.

Реал и Барса имаат еднаков број на бодови, но мадридскиот гигант е моментно прв на табелата поради подобриот меѓусебен скор што е прв критериум за одредување на генералниот пласман во најсилното шпанско првенство.

Иако составот на Зидан не одигра спектакуларен натпревар, но со головите на Рамос и Бензема дојде до три важни бодови.

Победата на „кралевите“ крена многу прашина, особено од страна на медиумите во Барселона. „Мундо Депортиво“ и „Спорт“, водечките каталонски спортски медиуми, на денешните наслови укажаа на помошта што ја има Реал од „ВАР“ во продолжението на првенството.

Реал ја зголеми колекцијата на контроверзни судиски одлуки кои одат во негова корист во продолжението од првенството. Против Реал Сосиедад им беше досуден сомнителен пенал, а на домаќините им беше поништен гол после многу сомнителниот офсајд – пишува „Мундо Депортиво“, кој излезе со црн наслов „Направено во Мадрид“ со фотографии од контроверзни моменти.

„Спорт“ отиде чекор подалеку и ја користеше познатата песна на навивачите на Реал „Аси, аси, аси гана ел Мадрид“ што во превод значи „Така победува (Реал) Мадрид“. Спорт стави во насловот „Аси, аси, гана ел ВАРдрид“, алудирајќи на наводна судиска помош.

Укинете го ВАР и престанете да им се смеете во лицата на навивачите. Како е можно во ВАР собата седат лица кои до вчера судеа во пониските лиги? Барса го испушти водството и поради лошата игра во Севиља, но кога ќе започне машината на Реал, тогаш е многу тешко – пишува „Спорт“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот