Сергеј Трифуновиќ излезе од затвор!

Сергеј Трифуновиќ во претставата „Воз“ / Фото: Фејсбук/Театар „Ѕвездара“

Познатиот српски актер Сергеј Трифуновиќ вчера излегол од затвор, каде поминал 24 часа, дознава „Телеграф.рс“.

Имено, актерот на 10 октомври на покана на Стопанскиот суд се пријавил во Јавното обвинителство на улица Бачванска поради неплатена парична казна, по што веднаш по пресудата бил спроведен во затвор.

Тој поминал само 24 часа зад решетки, бидејќи веќе следниот ден некој ја платил казната за прекршокот што го имал и актерот бил ослободен.

– Сергеј вчера излезе од Централниот затвор, откако беше платена казната. Самиот дошол со покана на 10 октомври – изјавил извор за „Телеграф.рс“.

За потсетување, Сергеј Трифуновиќ неодамна беше уапсен во Сплит поради навреда на полицијата. После тоа, на актерот му беше забранет влез во Хрватска и во сите земји во Европската унија, како и во три земји од ЕФТА – Норвешка, Исланд и Лихтенштајн. Сплитско-далматинската полиција објави официјално соопштение на својата веб-страница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот