Семејството на убиениот Флојд испрати силна порака: А кога тоа Америка воопшто била „одлична“ досега? (ГАЛЕРИЈА)

Фамилијата на Џорџ Флојд / Фото: EPA-EFE/Godofredo A. Vasquez / POOL

Афроамериканецот Џорџ Флојд кој беше убиен во бруталното апсење во Минеаполис беше погребан вчера во својот роден град Хјустон.

Свептеникот Ал Шарптон се обраќа на присутните на меморијалната церемонија за Џорџ Флојд / Хјустон, Тексас / Фото: EPA-EFE/Godofredo A. Vasquez / POOL

Членовите на фамилијата на убиениот Флојд ја искористија шансата да упатат силни пораки на целата Америка посебно на администрацијата на претседателот и на самиот Доналд Трамп.

Фамилијата на Џорџ Флојд / Фото: EPA-EFE/Godofredo A. Vasquez / POOL

„А кога тоа Америка воопшто била голема?“ прашала Брук Вилијамс, внуката на Џорџ Флојд која емотивно зборуваше за убиството кое се случи на 25 мај.

Внуката на Џорџ Флојд, Брукс Вилијамс држи говор / Фото: EPA-EFE/David J. Phillip / POOL

Флојд почина откако полицаецот Дерик Шовин речиси девет минути клечеше со коленото на неговиот врат. Иако Флојд апелираше дека не може да дише, неговите молби не беа од помош, па 46-годишниот маж почина, по што предизвика масовни демонстрации против расизмот и полициската бруталност низ светот.

Фамилијата на Џорџ Флојд / Фото: EPA-EFE/Godofredo A. Vasquez / POOL

Брук Вилијамс се сврте кон слоганот кој Доналд Трамп го користи во претседателската кампања „Да ја направиме Америка повторно одлична“ (Make America Great Again), па испрати силна порака за моменталната состојба во САД моментов, иако не го прозва директно тековниот претседател Доналд Трамп.

Внуката на Џорџ Флојд, Брукс Вилијамс држи говор / Фото: EPA-EFE/David J. Phillip / POOL

„Не можам да дишам се додека правдата не биде сервирана. Џорџ секогаш влијаеше на луѓето со своите зборови. Полицаецот не покажа грижа на совест заради тоа што гледаше како душата на мојот вујко го напушта неговото тело. Ве молеше само да застанете. Зошто системот мора да биде вака расипан и корумпиран? Законите се такви за да пропаѓа афроамериканскиот систем. Тоа мора да се промени. Не смее веќе да има злосторства од омраза. Некој рече да ја направиме Америка повторно „одлична“. А кога тоа Америка воопшто била одлична досега?“, праша Брукс.

Исто така, внуката на Џорџ Флојд истакна дека смртта на Флојд не е само убиство, туку и злосторство од омраза.

Фамилијата на Џорџ Флојд / Фото: EPA-EFE/Godofredo A. Vasquez / POOL

– Америка, време е за промена, дури и ако почне со протести, без правда нема мир, додаде таа.

Филониз и Латања Флојд / Фото: EPA-EFE/Godofredo A. Vasquez / POOL

Покрај неа, на службата зборуваше и братот на Џорџ Флојд кој не можеше да ги задржи солзите.

Родни Флојд, братот на Џорџ се обрати кон присутните / Фото: EPA-EFE/David J. Phillip / POOL
Изнесување на ковчегот на Џорџ Флојд / Фото: EPA-EFE/Godofredo A. Vasquez / POOL

Флојд почина во Минеаполис каде живееше неколку години, а порасна во Хјустон каде е сега погребан покрај својата мајка.

Демократскиот кандидат за претседател на САД, Џо Бајден имаше свое видео-обраќање на церемонијата за Џорџ Флојд / Фото: EPA-EFE/David J. Phillip / POOL
Актерите Ченинг Татум и Џејми Фокс на церемонијата за Џорџ Флојд / Фото: EPA-EFE/David J. Phillip / POOL
На церемонијата настапи РНБ пејачот Нејо / Фото: EPA-EFE/David J. Phillip / POOL
Актерот Џејми Фокс зборува со Родни Флојд, роднина на Џорџ / Фото: EPA-EFE/David J. Phillip / POOL
Кофчегот на Џорџ се пренесува на гробиштата во Хјустон / Фото. EPA-EFE/AARON M. SPRECHER
Улиците во Хјустон со демонстранти кои бараат правда за Џорџ Флојд / Фото: EPA-EFE/AARON M. SPRECHER
Кофчегот на Џорџ се пренесува на гробиштата во Хјустон / Фото. EPA-EFE/AARON M. SPRECHER
Кофчегот на Џорџ се пренесува на гробиштата во Хјустон / Фото. EPA-EFE/AARON M. SPRECHER

Пресврт во истрагата на убиството на Афроамериканецот: Полицаецот и Флојд имале конфликти во клубот каде работеле (ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот