Пресврт во истрагата на убиството на Афроамериканецот: Полицаецот и Флојд имале конфликти во клубот каде работеле (ВИДЕО)

Бившиот полицаец Дерик Шовин и Афроамериканецот Џорџ Флојд, кој почина додека Шовин го држеше приклештен со коленото на вратот, освен што се познавале од претходно, тие имале и конфликти додека работеле како обезбедување во ноќен клуб, изјави за CBS нивниот бивши колега Дејвид Пини.

Пини, кој работел со Флојд и Шовин во ноќниот клуб, рекол дека Шовин бил многу агресивен, заради што имале конфликти со Флојд.

– Верувам дека тоа што се случи на 25 мај беше лично, рекол Пини.

Шовин е обвинет за убиството на Флојд на 25 мај во Минеаполис, бидејќи речиси девет минути му го држеше коленото на вратот, иако Флојд неколку пати рекол дека не може да дише.

Смртта на Флојд поттикна масовни протести против расизмот во САД, но и низ целиот свет.

Џорџ Флојд кој беше убиен во бруталното апсење во Минеаполис беше погребан вчера во својот роден град Хјустон.

Хјустон, Тексас / 09 јуни 2020 / САД / Фото: EPA-EFE/Godofredo A. Vasquez / POOL

Членовите на фамилијата на убиениот Флојд ја искористија шансата да упатат силни пораки на целата Америка посебно на администрацијата на претседателот и на самиот Доналд Трамп.

Фамилијата на Џорџ Флојд / Фото: EPA-EFE/Godofredo A. Vasquez / POOL

Семејството на убиениот Флојд испрати силна порака: А кога тоа Америка воопшто била „одлична“ досега? (ГАЛЕРИЈА)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот