Кривичен суд / Фото: МИА

Семејното стебло во судството пушти гранка во Кривичен

Нови семејни стебла во судскиот систем. Судиите од Кривичниот суд во Скопје добија тројца нови колеги. Билјана Смаќоска, ќерка на пензионираната обвинителка Гордана Смаќоска, Кирил Георгиев, син на врховниот судија Наке Георгиев, како и Драган Јосивоф, синот на обвинителката Елизабета Јосифовска, која беше дел од СЈО и заменичка на Катица Јанева, станаа судии.

За Кирил Георгиев да суди во Кривичен, неговиот татко утрово се повлече од функцијата член на Судски совет, откако претходно Собранието ја одложи заклетвата што Георгиев требаше да ја положи заедно со судијката Антоанета Димовска. По сугерирање на дел од членовите на Советот дека тој веќе е член на Советот и согласно Законот за судови не може неговиот син да биде избран, тој си поднесе оставка. Со тоа му даде шанса на син му да го изберат за судија.

Ако останеше, Кирил немаше да добие можност да биде избран. Сепак, функцијата на Наке Георгиев во Врховен суд, останува.

Гордана Смаќоска, пак, во време додека беше обвинителка ја вработи нејзината ќерка во Обвинителството, па работеа заедно. Минатата година, Советот на обвинители ја пензионираше. Денеска, Билјана Смаќоска ќе суди во Кривичниот суд, каде нејзината мајка поднесуваше обвиненија и гонеше криминал. Последно, Гордана Смаќоска беше дел од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Јетмир Беџети, синот на судијата од скопска Апелација, Енвер Беџети, Јетмир Беџети се определил да биде јавен обвинител. Тој беше рангиран на 49. место на листата на Академијата за судии и јавни обвинители.  На ранг листата на Академијата е и Зоран Здравев, син на Киро Здравев – експретседател на Судскиот совет.

Иден сдуија е и Илир Јакупи чија татко е судија во Управен суд и поранешен член на ДИК по предлог на ДУИ, Субхи Јакупи.

Албулена Абази, сопруга на Ислам Абази –  шефот на обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, неодамна беше избрана за обвинителка во Кичево.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот