Сем Асгари првпат се огласи по веста за разводот со Бритни: Ги потврди гласините, ја откри причината

бритни спирс
Бритни Спирс / Фото: Принтскрин/Инстаграм

По неколкудневен молк, откако во јавноста стаса веста за разводот на инструкторот по фитнес и модел Сем Асгари и поп принцезата Бритни Спирс, тој конечно се огласи на социјалните мрежи.

Сем потврди дека тој и Бритни се разведуваат по само 14 месеци брак.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм/Сем Асгари

„По шест години љубов и посветеност еден кон друг, мојата сопруга и јас одлучивме да го завршиме нашето заедничко патување. Ќе се држиме до љубовта и почитта што ги имаме еден кон друг и ѝ посакувам сè најдобро. Глупости се случуваат“, напиша Сем.

„Звучи лудо да барам приватност, па затоа само ќе ги замолам сите, вклучително и медиумите, да бидат љубезни и внимателни“, додал тој на крајот.

Фото: EPA-EFE/NINA PROMMER

Странските медиуми пишуваат дека Сем оваа недела поднел барање за развод од Бритни во Врховниот суд во Лос Анџелес, а како причина за нивното раскинување навел „непомирливите разлики“. Бритни и Сем се разделиле на 28 јули, се наведува во барањето.

Да потсетиме, американскиот портал „Ти-ем-зи“ неодамна објави дека Сем имал кавга со Бритни поради гласините за нејзиното изневерување. Не е познато дали гласините се точни, но Сем поверувал во нив и многу се скарале, по што тој се иселил од нивната куќа.

Потоа медиумите дознаа дека Сем наводно бара Бритни да му плати повеќе отколку што е наложено во нивниот предбрачен договор, а ако таа не го стори тоа, тој се заканува дека на сите ќе ги открие нејзините тајни.

„Тој се обидува да преговара за отстапки надвор од предбрачниот договор и се заканува дека ќе излезе во јавноста со исклучително засрамувачки информации за Бритни, доколку не биде платен“, изјавил извор од странските медиуми.

Поранешниот сопруг на Бритни Спирс се обидел да ѝ ја уништи свадбата: Полицијата го уапсила

„Ова ќе го потресе светот“: Бритни Спирс ја заврши својата автобиографска книга

Сем Асгари ја уценува Бритни Спирс: Ќе објави срамни детали за неа ако не му даде повеќе пари

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот