Селена Гомез во хипнотизирачки панталони! (ФОТО)

Панталоните со широки ногавици, така наречени „палазо“ крој, никогаш не излага од мода и секогаш е сигурен избор за свечени, но и лежерни прилики. Тоа дека можат да бидат и вистинска мамка за погледи, докажа Селена Гомез со стајлингот со кој се пофали на својот инстаграм-профил.

Пејачката објави фотографија на која позира на задно седиште од автомобил во беж капут, обична црна маица и хипнотизирачки златни палазо панталони кои го поправаат целиот нејзин стајлинг.

View this post on Instagram

Well..

A post shared by Selena Gomez (@selenagomez) on

Сјаен спој на класика и стејтмент парче, а иако е поприлично лежерен, во овој стајлинг сигурно би можела да украде погледи и на некои свечени холивудски случувања.

Селена аутфитот го пополнила со наочари за сонце во ретро облик, а додатна доза на ретро стилот и дала и нејзината нова фризура со моментално многу популарните „curtain“ шишки кои ги прослави Бриџит Бардот.

The post Селена Гомез во хипнотизирачки панталони! (ФОТО) appeared first on Еспресо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот