Села: ДУИ можеби ќе биде дел од власта, но тоа ќе значи дека Албанците уште повеќе ќе бидат заробени (ВИДЕО)

Заедничка прес-конференција на Зијадин Села и Африм Гаши / 19 август 2020, Скопје / Фото: Драган Митрески - Слободен печат.

Зијадин Села и Африм Гаши одржаа заедничка прес-конференција како претставници на коалицијата меѓу Алијансата за Албанците и Алтернативата пред Собранието на државата.

Зијадин Села и Африм Гаши / 19 август 2020, Скопје / Фото: Драган Митрески – Слободен печат.

– Позади мене е Собранието, граѓаните беа свесни дека вољата нивна не беше преточена во реализација вчера со договорот кој го слушнавме. Освен она што секогаш го слушаме, позиции, министрти, не слушнавме дека некој зборува за граѓаните, да се врати надежта, особено кај Албанците. Ја злоупотребија волјата на граѓаните. ДУИ можеби ќе биде дел од власта, но тоа ќе значи дека Албанците уште повеќе ќе бидат заробени и уплашени. За што служи демократијата, кога не им даваш слобода на тие што те гласале. Нема да дозволиме да купуваат и крадат гласови- истакна Зијадин Села.

Зијадин Села / 19 август 2020, Скопје / Фото: Драган Митрески – Слободен печат.

Нека им биде јасно, потенцираше Села, ќе имаат голем противник, да знаат дека сме спремни да им возвратиме. Тој потенцираше дека чекаат се уште одговор од Обвинителство за изборните нерегуларности на парламентарните избори кои се одржаа на 15 јули годинава.

Заедничка прес-конференција на Зијадин Села и Африм Гаши / 19 август 2020, Скопје / Фото: Драган Митрески – Слободен печат.

– Идејата на мојот говор денеска беше да укажеме дека вчера сите граѓани увидоа дека се формираше една влада. Оваа влада ќе стои со две стаклени нозе и ние сме убедени дека нема да опстои толку долго. Владата предводена од СДСМ и ДУИ нема легитимитет. Оваа влада е нелегитимна за Албанците и е заснована на манипулации, на лажење, на купување. Ќе ја срушиме, ќе се бориме на легален начин- рече Африм Гаши.

Африм Гаши / 19 август 2020, Скопје / Фото: Драган Митрески – Слободен печат.

Проследете го обраќањето:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот