СЕКС НА ПРВ СОСТАНОК: Да или не?

секс на прв состанок
Фото Профимедиа

Табуата околку сексот и сексуалноста, за жал, сè уште постојат и во 2019 година. Луѓето, а особено жените, често се обидуваат да избегнат интимност на првиот состанок само поради наметнатиот страв од осудување. Но, кој ги дефинира тие граници на прифатливото?

Ако се прашувате дали „треба“ да имате секс, запрете веднаш! „Треба“ да го правите само она што мислите вие дека е правилно. Не постои универзално вистински момент за прв секс. Ако сметате дека е исправно да го имате на првиот состанок, направете го тоа. Ако мислите дека не треба така, воздржете се.

Дали жените кои имаат секс на прв состанок и понатаму се „вредни“ за девојка или сопруга? Секако дека да! Одлуката да имате секс на првиот состанок не ве прави помалку вредни отколку ако го имате на 15-от.

Во тој момент најважно е само двајцата потенцијални партнери да се согласни околу тоа што очекуваат еден од друг или пак, ако се работи за „статус кво“, тоа да биде јасно кажано. Многу врски започнале со секс уште на првото гледање и биле успешни. Во исто време, оние кои чекале со недели, не издржале долго пред да прекинат.

Едно треба да запаметите: Безбедноста е на првото место!

Тоа значи дека пред сè, треба да користите заштита. Потоа, слушајте ја интуицијата и никогаш немојте да имате секс ако не сакате, а мислите дека така повеќе би се допаднале некому.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот