Седници на две собраниски комисии

Собрание седница / Фото: ,,Слободен печат'' - Драган Митрески

Во Собранието денеска седници ќе одржат Комисијата за надворешна политика и Законодавно-правната комисија.

Членовите на Комисијата за надворешна политика ќе дискутираат за Предлог-законот за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Северна Македонија и Советот на министри на Република Албанија за заемно признавање на одобренија за овластен економски оператор – безбедност и сигурност (ОЕОС) и за Предлог-законот за ратификација на Спогодбата за соработка во областа на ветеринарството, безбедноста на храна и на добиточна храна и фитосанитарна област во Западен Балкан.

Овие точки ќе бидат разгледани и од членовите на Законодавно-правната комисија. На дневен ред на седницата се и Предлог-законот за дополнување на Законот за животната средина и  Предлог-законот за изменување на Законот за домување, по скратена постапка.

Собраниската прес-служба најавува и дека Клубот за младински прашања и политики на Собранието денеска ќе има средба со Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) на тема: „Дигитализацијата како алатка  на младите за воведување на нови алатки за добро управување”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот