Се заваруваат шахтите на плоштадот во Скопје (ФОТО)

Шахтите на скопскиот плоштад денеска се заваруваат од страна на екипи на „Водовод и канализација”.

Од јавното претпријатие информираат за МИА дека се работи за пракса која се реализира секоја година од безбедносни причини поради одржувањето на „Скопскиот маратон” и посетата на ВИП личности.

Во посета на Скопје на 7 мај треба да дојде поглаварот на Римокатоличката црква папата Франциск. Едно од местата на кое ќе престојува папата за време на престојот ќе биде и централниот плоштад во Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот