Се запали возило во движење на автопатот Тетово-Скопје

Нема повредени лица во пожарот што избувнал во автомобил претпладе околу 10 часот и 30 минути на автопатот Тетово-Скопје. Поради пожарот изгоре патничко моторно возило марка мерцедес со гостиварски регистарски ознаки.

– Станува збор за возило кое се запалило во движење на автопатот во правец кон Скопје.  Возачот и сопатниците успеале да излезат навремено и да се спасат од повреди. Интервениравме со три возила, информираше Ука Алити, командант на тетовската против пожарна единица.

И на почетокот на месецот на 8 јуни имаше пожар во возило исто така мерцедес, што се случи на стариот пат Тетово-Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот